„Во Антверпен ме третираа како го*но, во Спал играм за „кикирики“, но убаво ми е“

by
2 минути читање

Заминал во родниот град со намера да ужива во статусот на ѕвезда, поранешен репрезентативец на Белгија со 30 настапи, меѓутоа наишол на ужасен однос, според неговите зборови.

„Во Антверпен ме третираа како паразит, како да сум го*но. Кога ме ставија во Б-тимот, играчите се обидоа да го натераат Марк Овермарс (спортскиот директор) да ме врати во првата екипа. Тоа беше добро за мене, но никој не се осмели да оди против Гејсенс (претседателот на клубот). Дадов се од себе кога ме префрлија во Б-тимот, ги подджував младите и не направив ниту една грешка. Поминав многу во кариерата, бев во многу клубови, но никаде никој не се однесувал со мене како луѓето во Антверпен. Не ми дозволуваа дури ни да влезам низ главната порта на тренин-центарот, морав да одам во различна соблекувална секој ден. Еднаш ми го украдоа и часовникот“, се пожалил разочараниот фудбалер.

Не е дека тој е цвеќе за мирисање, бидејќи долго во кариерата го следеа скандали со пороци, сепак остана на највисоко ниво во Италија 14 години. Од 2007 до 2021 година играше за Пјаченца, Каљари, Рома и за Интер, за во август 2021 да се врати дома. Тоа била лоша одлука од аспект на кариерата и на бизнис логиката, но тогаш на 32 години размислувал за своето семејство.

„Ќерките ми се главен мотив зошто го повлеков тој потег. Инаку ги гледав само кога бев на одмор, а тоа не го сакав. Кога дојдов во Антверпен тие беа постојано со мене, сите знаеја колку ми е важно тоа. Сакав да ја завршам кариерата во Антверпен, дури и под услов да загубам многу пари, што и навистина се случи. Претседателот едноставно сакаше да ме истера од земјата. Тој е голем бизнисмен, но ете запнал на мене. Антверпен ми го одзеде задоволството на фудбалот, никогаш нема да му простам што ме натера да си ги напуштам ќерките Затоа сум во Спал и ‘играм за кикирики’, но барем повторно уживам во фудбалот“, додава Наинголан.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×