Ниту еден од европските гиганти не загриза посериозно за Нејмар ова лето, па Бразилецот реши да ја прифати богата понуда на Ал Хилал и да се пресели во Саудиска Арабија, каде ќе има можност да заработи 300-400 милиони евра за две години.
Бразилецот имаше спектакуларна промоција, но во Ал Хилал веднаш се разочараа, Нејмар пристигнал повреден и не се знае кога ќе дебитира.
„Нејмар пристигна повреден, има ситен мускуларен проблем. Не знам кога ќе се врати и кога ќе биде подготвен да тренира нормално и да игра“ – вели тренерот Жорж Жесус.
„Не би требало да се стави на располагање на селекцијата на Бразил, и не би требало да им се придружи. Треба да остане тука и да работи на рехабилитацијата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.