Попладнево се одиграа седум од осумте натпревари во 27. коло на Втората македонска фудбалска лига.
Скопје славеше минимално 1-0 против ГФК Охрид во дербито и направи важен чекор во трката за Првата лига. Во источниот дуел Брегалница со 0-1 ја победи Беласица и остана лидер, додека Шкендија Арачиново беше убедлива со 8:2 против Вардар Неготино.
Во останатите натпревари, победи забележаа Кожув, Новаци и Тетекс, додека ремизираа Детонит Плачковица и Каменица Саса. Комплетирањето на колото следува со дуелот меѓу Големо Коњари и Преспа.
Резултати 27. коло ВМФЛ:
Скопје – ГФК Охрид 1-0
Шкендија Арачиново – Вардар Неготино 8-2
Беласица – Брегалница 0-1
Осогово – Кожув 0-1
Детонит Плачковица – Каменица Саса 0-0
Слога Виница – Новаци 0-2
Победа – Тетекс 0-3
УТРЕ
Големо Коњари – Преспа
Голови од 27. коло на ВМФЛ: