Влаховиќ реален: Не може да се криви само тренерите!

by 24 фудбал
1 минути читање

Јувентус конечно ја прекина црната серија и славеше на домашен терен против Удинезе, на првиот меч по разделбата со Игор Тудор. Хрватскиот стратег беше жестоко критикуван за слабите резултати, но Душан Влаховиќ смета дека проблемите на тимот не можат да се сведат само на тренерската позиција.

Вистината е дека сменивме три тренери за една и пол година. Не може да се виновни само тренери, секој од нас треба да се погледне во огледало и да види што е направено погрешно. Според мене, никако не смее вината да се лоцира само на едно место, одговорноста е кај сите нас. Важно беше да се слави против Удинезе за да испратиме позитивен сигнал, но ако не продолжиме во ист ритам на наредните средби, се ќе биде попусто. Треба помалку да зборуваме, а повеќе да покажуваме на теренот.

Сакам да му се заблагодарам на Тудор за она што го стори за мене… Знам дека даде се од себе за да му помогне на Јувентус, за жал не успеа, но искрено му посакувам многу среќа во идните ангажмани“, изјави Влаховиќ.

Јувентус во новите предизвици ќе продолжи со Лучијано Спалети кој ја наследи клупата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×