Душан Влаховиќ и Анхел Ди Марија беа во центарот на вниманието во победата на Јувентус од 3-0 над Сасуоло во воведното коло од Серија А.
Ди Марија даде гол и имаше асистенција, а останатите два погодоци беа дело на Влаховиќ.
„Работев цело лето, се уште не сум 100 проценти подготвен бидејќи имав повреда со која се справував, ова е само вторпат како играм 90 минути од крајот на минатата сезона. Работам за да дојдам до 100 проценти, за да му се ставам во најдобра форма на располагање на тимот и да помогнам да дојдеме до повеќе победи“, вели Влаховиќ.
„Неверојатна сензација е да се игра со Ди Марија, големо е задоволството да се работи со еден таков шампион и сакам да му се заблагодарам за асистенцијата. Тој имаше исклучително добар натпревар“.
Деби имаше и сонародникот на Влаховиќ, Филип Костиќ кој во игра влезе во текот на второто полувреме.
„Со него играме заедно за Србија, па убаво е што го имам и тука. Креираме навистина убава атмосфера во составот. Ова е само почеток, го добивме првиот меч, но треба да продолжиме да бидеме смирени и да имаме самодоверба“.
„Тимот е на прво место. Доколку Јувентус треба да го освои Скудетото, а јас да не бидам најдобар стрелец, нема да се жалам“.