Влаховиќ: Ми требаше време да се прилагодам во Јуве, требаше да одиграм подобро

by
1 минути читање

Влаховиќ одлично почна, но потоа застана, влезе во голгетерска криза, постигна вкупно 9 голови на 21 меч во сите натпреварувања за Јувентус.

„Дефинитивно ми беше потребно некое време за да се прилагодам, можев подобро. Не сум задоволен бидејќи загубивме финале“, вели Влаховиќ.

„Се квалификувавме во Лигата на шампионите, но јас можев и требаше да одиграм подобро, работиме напорно за следната сезона. Млад сум и можам да напредувам во се. На 35 години можеш да напредуваш, а што да речеме за 22“.

Влаховиќ зборуваше и за повредата на препоните која ја заработи минатата сезона.

„Не сакам да барам изговори, доколку излезам на теренот, тоа значи дека можам да играм. Имав проблем кој го носев долго време, уште пред да дојдам во Јуве“.

„На крајот на сезоната сакав да се опоравам колку што можам подобро, требаше да му кажам не на националниот тим иако бев многу разочаран поради тоа“.

„Ова лето се посветив само на тоа да станам подобар, 100 проценти сум подготвен. Сега се чувствувам добро и наскоро ќе бидам на врно ниво“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани