Српскиот интернационалец последниот гол го постигна против Фрајбург во реваншот од Лига Европа кој се играше на 16. март, а последен гол во Серија А му е на 7. февруари во победата над Салернитана од 3-0.
„Газета дело Спорт“ потенцира дека Влаховиќ си го избришал и инстаграм профилот, италијанскиот весник се сомнева дека Србинот е и психолошки паднат поради лошата форма, па затоа бега и од социјалните мрежи. На инстаграм имаше два милиони следбеници, се верува дека неговото бегање од јавноста е само привремено.
Тој заработи и повреда на зглобот во поразот на Јувентус од Лацио во саботата и неизвесен е за дуелот од Лига Европа против Спортинг.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.