Влаховиќ и Миленковиќ избегаа од Фиорентина за да играат за репрезентацијата, Србија ќе им ги плаќа казните

by
1 минути читање

Србија има важен натпревар како и Македонија, утре против Шкотска игра за пласман на Европското првенство.

Здравствените власти во Италија на одредени клубови им наредија да бидат во изолација во периодот кој следува поради позитивни случаи на ковид-19. Меѓу нив беше и Фиорентина.

Но, Душан Влаховиќ и Никола Миленковиќ не го почитуваа тоа, се вратија во Србија за да бидат дел од важниот натпревар на нивната земја.

Фиорентина ги пријави за бегство, по што треба да добијат парична казна од италијанската држава.

Поголем проблем од парична казна не може да има бидејќи ФИФА и УЕФА даваат дозвола за настап на сите фудбалери за репрезентациите.

Фудбалската федерација на Србија прифати да ги плати казните на своите фудбалери.

„ФИФА веќе ја инвормираше Италијанската федерација и ние ќе ги платиме казните доколку е потребно“, стои во изјавата на Српската федерација за медиумите од оваа земја.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани