Влаховиќ е желба на Мурињо, но изненадувачки во трката се вклучи шпански гигант!

by 24 фудбал
1 минути читање

Се чини дека одбројани се деновите на Душан Влаховиќ во Торино – од Јувентус веќе стигнале јасни сигнали дека српскиот напаѓач не е повеќе во плановите на клубот.

Добрата вест за Влаховиќ е што интересирање не недостасува – англиските премиерлигаши одамна го следат, Жозе Мурињо го сакаше во својот нов проект со Фенербахче, а сега од Шпанија доаѓа нова вест: Атлетико Мадрид е подготвен да го ангажира.

Според „Газета дело Спорт“, тимот на Чоло Симеоне бара проверен стрелец, а Влаховиќ е високо на листата на желби. „Старата дама“ сака да заработи нешто од својот напаѓач пред да му истече договорот во 2026 година. Јувентус се обидел да ја намали неговата плата од 12 милиони евра годишно преку нов договор, но Влаховиќ не прифатил – па сега се наоѓа на излезна врата. Преговорите со Атлетико би можеле наскоро да почнат, а останува да се види дали „јорганџиите“ ќе бидат подготвени да го исплатат и клубот и играчот.

Влаховиќ сезонава има 14 гола на 39 натпревари, но во 2025 година постигнал само две погодоци во Серија А, што не е во согласност со очекувањата за играч со негов профил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани