Антонио Ридигер со 20 конци на главата го заврши мечот против Шахтар во Лигата на шампионите, но успеа да го спаси Реал Мадрид од пораз.
Германскиот дефанзивец беше вистински херој на кралскиот клуб покажувајќи голема пожртвуваност.
Информациите од Мадрид велат дека и покрај повредата на лицето тој сака по секоја цена да игра на неделното Класико. Од 16:15 Реал Мадрид ја пречекува Барселона.
Тоа ќе биде негово прво Ел Класико и нема намера да го пропушти.
Веројатно ќе игра со маска на лицето, но тоа нема да биде нешто ново за него. И во дресот на Челси и германската репрезентација има играно со маска.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.