Винисиус Жуниор има посебни мотиви за докажување против Ајакс вечерва

by
2 минути читање

Бранителот на
европскиот трофеј тргнува против Ајакс во елиминационата фаза од Лигата на
шампионите, а во почетниот состав на Реал Мадрид за вечерашното гостување во
Амстердам во првиот меч од предвидениот двомеч, во почетниот состав се најде и
Винисиус Жуниор.

Сантијаго Солари
се реши уште од првата минута да почне со младиот 18 годишен Бразилец, кој во
напаѓачкото трио ќе им прави друштво на Бејл и Бензема, а тој ќе има и посебни
мотиви за докажување вечерва.

Глобо Еспорте
пренесува дека Винисиус вечерва ќе биде следен од скаути на бразилската
репрезентација, па извесно е дека ќе биде повикан во сениорскиот состав на
Кариоките за дуелите против Панама и Чешка. Досега, Винисиус има настапи само
за младите селекции на Бразил, а веројатно е дека ќе дебитира и во сениорскиот
состав.

class="twitter-tweet" data-lang="en">

Vinicius Júnior likely to be called
up for the upcoming Brazil friendlies against Panama and Czech Republic. Felipe
Anderson may also be called up. Brazil NT staff will watch training and games
in Brazil & Europe to evaluate players. https://t.co/cC9XR1d01o


Paulo Freitas (@Cynegeticus) February
13, 2019

Освен Винисиус,
опција да добие повик има и Фелипе Андерсон од Вест Хем кој игра во неверојатна
форма во Премиерлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани