Винисиус се извини за скандалот на „Ел Класико“: Поради љубовта кон Реал понекогаш го губам разумот!

by bojan
1 минути читање

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се огласи на социјалните мрежи и се извини за реакцијата на „Ел Класико“ и гневот кој го покажа кога беше повлечен од игра.

Винисиус Жуниор направи скандал во неделата на „Ел Класико“, беснееше на одлуката да биде повлечен од игра, не се поздрави со Чаби Алонсо и се упати во соблекувалната, па подоцна се врати на клупата.

Тренерот и напаѓачот денеска разговарале, Винисиус Жуниор лично им се извинил на сите, а попладнево се огласи на социјалните мрежи за да им се извини и на навивачите.

„Сакам да им се извинам на сите навивачи на Реал Мадрид за мојата реакција кога бев повлечен од игра на „Ел Класико“ – се вели во соопштението.

„Веќе се извинив лично на денешниот тренинг, но сакам да ја искористам оваа прилика за повторно да им се извинам на моите соиграчи, клубот и претседателот“

„Поради мојата љубов кон Реал, понекогаш го губам разумот. Секогаш сакам да победувам и да му помогнам на тимот. Мојот натпреварувачки дух произлегува од љубовта кон овој клуб и се што тој претставува“.

„Ветувам дека ќе продолжам да гинам на теренот за доброто на Реал Мадрид, како што тоа го правам од првиот ден“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×