Винисиус: Оваа победа е за Пеле, сакаме да го освоиме СП за него

by
1 минути читање

Информациите од Бразил велат дека Пеле е во болница и не е во добра состојба. Бразилските фудбалери и навивачи во Катар му изразија посебна почит, нивните мисли се со него, а Винисиус вели дека сакаат да станат шампиони и да му го посветат големиот трофеј нему.

„Сакам да му пратам голема гушка на Пеле. Оваа победа е за него. Се надевам дека се ќе се одвива добро и дека тој ќе излезе од оваа ситуација и ние ќе можеме да бидеме шампиони за него“, изјави Винисиус Жуниор.

Бразил синоќа со 4-1 ја победи Јужна Кореја и се пласира во четвртфиналето каде ќе игра против Хрватска.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани