3,6K
Винициус Жуниор реши да вложи дел од своите примања кои ги има во Реал Мадрид.
Заедно со група инвеститори, Винициус купи акции во португалскиот второлигаш Алверца. Бразилецот е лидер на оваа група, која за околу осум милиони евра купија 80% од акциите на овој клуб и тргна по стапките на Килиан Мбапе.
Бразилската ѕвезда заработува околу 20 милиони евра годишна плата, а на маса имаше саудиска понуда вредна преку 100 милиони ама не ја прифати.