Вилсон потпиша за Њукасл: Син ми го гледаше филмот „Гол“, ме молеше да дојдам тука

by
1 минути читање

28 годишниот напаѓач
Калум Вилсон и во новата сезона ќе биде дел од елитното фудбалско друштво на
Островот, Премиерлигата, откако потпиша за Њукасл кој на Борнмут му исплати
обештетување во висина од 20 милиони фунти.

Вилсон потпише
четиригодишен договор со тимот од „Сент Џејмс Парк“, а претходно ја одби Астон
Вила, па со приватен авион на првиот човек на Њукасл, Мајк Ешли пристигна во
Њукасл да го официјализира овој трансфер.

Привремениот
репрезентативец на Англија лани постигна осум погодоци во Премиерлигата со
тимот на Борнмут кој испадна во понизок ранг, а напаѓачот е третото најскапо
засилување во клупската историја на Њукасл, зад Жоелингтон (40 милиони фунти од
Хофенхајм во 2019. година), односно Мигел Алмирон (21 милион фунти од Атланта
Јунајтед вп 2019. година).

Чувството е
неверојатно, станува збор за голем клуб, едвај чекам да почнам со новиот
предизвик, напаѓачите во овој клуб имаат посебна историја, мојот син го гледаше
филмот „Гол“, штом разбра за понудата ме молеше да дојдам тука
“ рече Вилсон кој алудираше на мега популарниот филм „Гол“ во кој се зборува за растечка ѕвезда на Њукасл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×