Бразилецот го смени клубот но не и градот, по седум години во Челси се пресели во Арсенал како слободен играч.
Арсенал минатата сезона заврши на осмата позиција на табелата, но се пласира во Лига Европа благодарение на трофејот во ФА Купот.
Но според Вилијан, целта на тимот под водство на Артета е многу повисока од тоа што Арсенал е сега.
„Една од причините поради кои сакав тригодишен договор, беше да бидам дел од план, не само фудбалер кој ќе мине низ некој клуб“, вели Вилијан.
„Кога зборував со Артета, тој ми рече дека му требам за три години. Неговиот план е прво да се квалификуваме во Лигата на шампионите, а потоа и да ја освоиме додека сум тука. Тоа беше тоа што сакав да го слушнам“.
„Бев во Челси седум години и освоив се освен Лигата на шампионите. Се надевам дека овој трансфер ќе ми го даде и тој трофеј, но би сакал и уште една титула во Премиерлигата“.