Вилијан заминува од Челси откако неговиот договор истече, а не најде заеднички јазик со раководството за продолжување на соработката.
Веројатно ќе остане во Лондон, но ќе се пресели во северниот дел од градот, во тимот на Арсенал.
Тој денеска со отворено писмо се збогува од навивачите на Челси.
„Поминаа седум прекрасни години. Кога во август 2013 година добив понуда од Челси, бев уверен дека треба да одам таму да играм. Денеска сум сигурен дека тоа беше една од моите најдобри одлуки. Имаше многу среќни моменти, имаше и тажни, имаше трофеи и секогаш беше многу интензивно“.
„Покрај трофеите, научив многу за себе. Се развив, станав подобар играчи и подобра личност. Со секој тренинг, со секој натпревар, со секоја минута помината во соблекувалната, секогаш учев“.
„Навистина сум многу благодарен на фановите на Челси за начинот на кој ме примија на Стемфорд Бриџ, и за нивната поддршка во текот на мојот период во клубот. Исто така имаше и критики што е нормално, она што е важно е дека и поддршката и критиките секогаш ме тераа да давам се од себе на секој тренинг, на секој натпревар, констнатно да се трудам да напредувам до мојата последна минута во дресот на Челси“.
„Сега дојде време за збогум. Навистина ќе му недостасуваат соиграчите. Ќе ми недостасува целиот персонал во клубот кој секогаш ме третираше како син и ќе ми недостасуваат фановите. Заминувам со високо крената глава, затоа што знам дека тука освојував трофеи и секогаш го давав најдоброто од мене во дресот на Челси“.
„Ви благодарам од се срце на сите вас и Бог нека ве благослови“.