Вилијан се откажа од 20 милиони за да се врати во Бразил и брзо се пишмани: Не дојдов за да ми се закнуваат дека ќе ме убијат

by
1 минути читање

Вилијан се враќа
во Европа, напаѓачот го раскина договорот со Коринтијанс и не издржа ниту една
година во родниот Бразил.

Минатото лето,
тој се откажа од преку 20 милиони фунти за да ја прекине соработката со Арсенал
и да се врати во Бразил, но брзо се пишмани. Вилијан и неговото семејство биле
мета на навивачите, дури добиле и смртни закани, па играчот си ги пакува
куферите.

„Причината поради
која заминувам се заканите кои јас и моето семејство ги добивме. Кога и да
изгуби Коринтијанс, или доколку јас не одиграм добро, моето семејство добива
закани на социјалните мрежи. Мојата сопруга, ќерките, а од неодамна почнаа да
ги напаѓаат и татко ми и сестра ми“
– вели Вилијан.

„Се вратив во
Бразил со огромна желба да играм во Коринтијанс. Знам каков е притисокот,
барањата, критиките кои ќе ги добивам, но не се вратив во Бразил за да ми се
закнуваат дека ќе ме убијат, да му се закануваат на моето семејство по секој загубен
натпревари, или кога нема да одиграм добро. Знам дека ова е дело само на мал
број навивачи, но психолошки не може да се издржи повеќе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани