Виктор Осимен одби богата саудиска понуда!

by 24 фудбал
1 минути читање

Виктор Осимен не ја затвора вратата на европската сцена – Нигериецот ја одби богата понуда од Ал Хилал, иако Наполи и саудискиот клуб веќе постигнале договор за оштета од 75 милиони евра. Ал Хилал му понуди огромен договор и улога на прва ѕвезда во нападот, иако таму веќе настапува Александар Митровиќ. Но, напаѓачот од Лагос им ја затвори вратата и им порача – останувам во Европа.

Дополнителна компликација за неговата иднина носи и фактот дека Галатасарај не се откажува. Осимен минатата сезона настапуваше како позајмен играч во Истанбул, откако во последните денови од летниот преоден рок не успеа да се договори со Челси, а во Наполи веќе не беше во плановите на тренерот.

Турскиот шампион е подготвен да собори сопствен рекорд и да плати сериозна сума за Осимен да стане нивни играч со целосен трансфер. Постои интерес и од Премиер лигата, но засега без конкретна понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани