Остануваат уште осум дена до почетокот на Мундијалот во Катар, викендов се играат последните клупски мечеви во повеќето првенства и последни натпревари за оваа календарска година.
Во Премиерлигата, Серија А, Бундеслигата и Лига 1 има редовни кола, додека во Шпанија се игра куп.
Во Премиерлигата денеска најинтересен треба да биде дуелот меѓу Њукасл и Челси. Во другите мечеви кај што играат фаворитите, Манчестер Сити го пречекува Брентфорд, Ливерпул е домаќин на Саутемптон, Тотнем игра дома со Лидс, а Арсенал му гостува на Вулвс. Утре Манчестер јунајтед му гостува на Фулам.
Во Серија А има македонска пресметка, Елмас против Несторовски, Наполи го пречекува Удинезе.
Останатите големци од Серија А играат утре. Денот почнува со дерби меѓу Аталанта и Интер, и завршува со дерби, со дуелот меѓу Јувентус и Лацио. Меѓу овие два натпревари Рома го пречекува Торино и Милан игра со Фиорентина.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.