Вијналдум со гест за респект: Фан на Ливерпул доби подарок од ѕвездата на „Редсите“ (ФОТО)

by
1 минути читање

Единаесетгодишниот
Педи Мек
кејси на еден мошне
специфичен начин ја запозна ѕвездата на Ливерпул по клучната победа над
Мидлзбро од 3-0 на домашен терен во последното коло од Премиерлигата, со што „Редсите“
изборија пласман во Лигата на Шампионите.

Меккејси
најнапред се израдувал на победата на својот омилен тим од трибините на „Енфилд“, за два дена подоцна да
се најде во клупската продавница на Ливерпул за да си купи копачки.

Таму му пришол
токму Вајналдум, кој го прашал дали му се допаѓаат копачките кои ги гледа, на
што младиот фан на Ливерпул одговорил потврдно.

Педи не ја
пропуштил можноста да се слика со својот идол, притоа добил подарок – копачки во
вредност од 300 долари.

Вајналдум беше
клучниот играч во најважната победа на Ливерпул сезонава, токму Холанѓанецот го
постигна водечкиот гол на „Енфилд“ со што се најави победата и огромниот успех
сезонава за тимот на Јирген Клоп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани