Видео најава: Патот на Вардар и Струга до финалето во Купот на Македонија

by Стефан
1 минути читање

Фудбалска Македонија утре вечер ќе го добие новиот освојувач на Купот, а на мегдан во големото финале ќе излезат Вардар и Струга Трим Љум.

Натпреварот кој се игра на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го даде новиот победник, а пред овој дуел тешко е да се каже кој ја има фаворитската улога.

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар зад себе има одлични натпревари во Купот, не само што стигна до финалето, туку тоа го направи и со само еден примен гол.

Во првата рунда, „црвено-црните“ го совладаа Новаци со сигурни 2-0. Следуваше уште една победа со ист резултат против Тиквеш, по што Вардар го елиминираше и Силекс со минимални 1-0. Полуфиналето донесе двомеч против Брера, каде вардарци беа супериорни во првиот натпревар со 3-0, додека реваншот одиграа без победник 1-1.

Екипата на, Струга исто така имаше импресивен настап во Купот, прими повеќе голови, но и повеќе постигна.

Во првото коло, Струга буквално го декласираше тимот на Слога Виница со 6-1. Потоа, тимот од западна Македонија л ја прескокна и Македонија ЃП со 2-0, а во четвртфиналето славеше минимално против Гостивар 1-0. Полуфиналниот предизвик беше дербито со Шкендија, каде Струга во првиот натпревар славеше со 2-1, додека реваншот заврши со по еден гол на двете страни.

Терминот за финалето е 20:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани