Видал објасни зошто го бакна грбот на Јуве (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Артуро Видал четири години го носеше дресот на Јувентус, а пред вчерашното големо дерби против Интер тој го бакна грбот на овој клуб на тренерката на Џорџо Кијелини.

Видал беше стрелец на еден од двата гола во победата над Јувентус, па тоа можеби повеќе ќе го извади отколку изјавата.

„Не сакав да бакнам грб на друг клуб. Тој бакнеж беше знак на почит за брат кој ми даде многу во фудбалот, со кој заедно поминавме прекрасни години и со кој се сакаме“.

„Го почитувам мојот тим, моите фанови и луѓето кои ми дадоа доверба да ја бранам и да ја развивам иднината на овој неверојатен клуб. Ќе ја дадам душата за ова. Напред Интер“, напиша Видал на својот инстаграм профил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×