Италијанските
медиуми тврдат дека Артуро Видал нема да биде казнет од Интер поради неговата
реакција по одлуката на тренерот Антонио Конте да го повлече од игра во дуелот
со Јувентус во Копа Италија каде „Нероаѕурите“ загубија со 1-2.
И Видал лут излезе од теренот велејќи: Секогаш 22, секогаш 22 треба да излезе!
Видал беше
повлечен од игра во 72 минута за на негово место да влезе Ериксен, а „Газета
дело Спорт“ за оваа ситуација наведе дека Чилеанецот додека го напуштал теренот
коментирал: „Секогаш 22,
секогаш 22 е тој кој излегува“.
Сега „Газета дело
Спорт“ пишувајќи на оваа тема наведува дека 33 годишниот фудбалер кој запиша 25
настапи сезонава по трансферот од Барселона, нема да добие казна за реакцијата
на мечот со „Старата дама“.