Видал и Интер си подале рака

by
1 минути читање

Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, се наведува дека Артуро Видал веќе
постигнал согласност со Интер, клуб кој извесен период се споменуваше како
негов иден бидејќи Чилеанецот е на излезна врата од Барселона.

Видал: Барселона не го заслужува ова, зарем е нормално со 13 професионални фудбалери…

Претставниците на
Чилеанецот веќе работат на тоа да го прекинат договорот со Каталонците, а се
верува дека „Нероаѕурите“ воопшто не сакаат да губат време на случајот, па веќе
ги договориле деталите околу личните услови со фудбалерот.

„Газета дело
Спорт“ пишува дека Видал се согласил на двегодишен договор со Интер, со опција
и за дополнителни 12 месеци во истиот договор, весникот тврди дека 33 годишниот
Чилеанец ќе има годишна плата од 6 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×