Саид Бенрама во
последните мигови од зимскиот преоден рок требаше да се пресели во Лион, клубот
од Франција и Вест Хем си подадоа рака за позајмица вредна 5 милиони евра, плус
опција за перманентен трансфер вредна околу 15 милиони евра.
Пабло Форналс пак
требаше да се пресели во Шпанија, Бетис со „чеканите“ договори трансфер вреден
околу 8 милиони евра.
Но утрово двата
клуба фрлаа „дрва и камења“ по Вест Хем и порачаа дека зделките пропаднале
откако формалностите не биле комплелтирани на време.
Од таборот на
Вест Хем се правдале дека поради компјутерска и админстративна грешка,
документите не биле испратени во предвидениот рок.
Се говори дека ќе
биде доставена жалба до ФИФА, која ќе треба да одлучи дали трансферите сепак ќе
можат да се реализираат.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.