Вест Хем одигра реми кај Кристал Палас и му избега за два бода на Тотнем!

by riste
0 минути читање

Немаше голови на денешниот натпревар од Премиер лигата меѓу Кристал Палас и Вест Хем, мечот заврши 0-0.

Кристал Палас и Вест Хем одиграа рамноправен натпревар и ги поделија бодовите.

Победата му беше попотребна на Вест Хем кој води грчевита борба за опстанок, но и со овој освоен бод ја зголеми предноста над Тотнем.

Вест Хем има 32 бодови и е над зоната за испаѓање, а во неа е Тотнем со 31 бод.

До крајот има уште пет кола. Во наредното Вест Хем е домаќин на Евертон, а Тотнем му гостува на испаднатиот Вулвс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×