Вест Хем го исфрли Арсенал од Лига Купот, Ливерпул и Челси одат понатаму!

by
1 минути читање

Чеканите ја добија лондонската пресметка против топчиите. Арсенал статистички доминираше на теренот, но головите ги постигнуваше Вест Хем.

Резултатот беше отворен во 16. минута кога Бен Вајт си постигна автогол, со тој резултат се замина на полувремето.

По пет минути игра во вториот дел Кудус зголеми на 2-0, а десет минути подоцна Боуен погоди за 3-0. Во судиското продолжение од натпреварот по една убава акција Одегард постигна почесен гол за Арсенал.

Ливерпул се пласираше во четвртфиналето откако со 2-1 славеше на гостувањето кај Борнмут.

Коди Гакпо во 31. минута донесе водство за црвените, Џастин Клајверт во 64. минута го изедначи резултатот, но само шест минути подоцна Дарвин Нуњез ја врати предноста на Ливерпул и ги постави конечните 2-1.

Меѓу осумте најдобри оди и Челси кој со 2-0 го победи Блекбурн. 

Бадиашил во 30. минута погоди за 1-0, а по 15 минути игра во вториот дел Стерлинг ја запечати победата за конечни 2-0.

Со 3-0 Евертон го доби дуелот со Барнли, Фулам со 3-1 победи на гостувањето кај Ипсвич.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани