Вест Хем го ангажираше Скамака, рекордна продажба на Сасуоло, пари има и за ПСВ

by
1 минути читање

Џанлука Скамака ќе ја продолжи кариерата во Премиерлигата, младиот Италијанец беше желба на Интер, Јувентс, Милан и ПСЖ, но Вест Хем беше тој кој понуди најмногу пари и напаѓачот денеска потпиша за „чеканите“ на пет години со опција за додатни 12 месеци.

Детали од зделката не беа откриени, медиумите шпекулираат дека се работи за трансфер од 36 + 6 милиони евра.

За Вест Хем ова е вториот најскап трансфер, додека пак за Сасуоло е рекордна продажба.

Пари ќе има и за ПСВ, клубот од Холандија го продаде Џанлука Скамака на Сасуоло за само 500.000 евра, но си обезбеди и 10% од следната продажба, па сега му следуваат околу 4 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани