Вест Хем го продаде
Деклан Рајс на Арсенал за рекордни 105 милиони фунти, па „чеканите“ имаат пари
да донесат квалитетна замена за Англичанецот.
На листата со желби
има неколку имиња, се говори дека Вест Хем веќе испратил понуда од 45 милиони
фунти до Фулам за трансфер на Жоао Палиња, но предлогот бил веднаш одбиен.
„Чеканите“ имаат
и поамбициозна цел, како што пренесува Скај Германија, се опипува терен за
ангажман на Леон Горецка од Баерн Минхен.
„Баварците“ се
подготвени да го продадат фудбалерот доколку добијат околу 50 милиони евра,
оваа сума не е проблем за Вест Хем но во моментов Германецот не размислува за
заминување од „Алианц Арена“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.