Деле Али важеше за голем талент на Тотнем и на англискиот фудбал, но неговиот мрзлив карактер му ја однесе кариерата во друг правец.
Тој почна да се кара уште со Покетино, а продолжи и со Мурињо и Антонио Конте по што беше пратен во Евертон.
Не се изнаигра ниту во Еврертон, па се пресели во Бешикташ. Фановите на турскиот тим се израдуваа дека за нив потпишува голема ѕвезда од Премиерлигата па го пречекаа како Бог.
Деле Али продолжи да разочарува и во Бешикташ, а дното се чини дека го допре во турскиот куп на мечот против третолигашот Санлиурфаспор.
Бешикташ по само 15 минути игра губеше со 2-0, Деле Али играше очајно лошо па тренерот го извади уште во 28. минута од натпреварот. Што е големо понижување за Англичанецот, но и реална слика за неговата ситуација. На патот кон клупата, навивачите на Бешикташ му свиреа.
Откако Деле Али излезе од игра, Бешикташ направи пресврт и го доби мечот со 4-2.