Вердер го фати последниот воз за бараж, Крамариќ стана првиот играч кој и дал четири гола на Дортмунд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Заврши Бундеслигата,
последното коло беше талично за Вердер Бремен но не и за Фортуна Дизелдорф. „Зелено-белите“
го фатија последниот воз за бараж откако со 6-1 го совладаа Келн и притоа
добија услуга од Унион Берлин, малиот клуб од главниот град триумфираше над Фортуна

со 3-0 па клубот од Дизелдорф се сели во втора
лига.

Борусија
Менхенгладбах со победа од
2-1
над Херта
го потврди пласманот во Лигата на шампиони, а Баер Леверкузен ќе мора да
игра во Лига Европа и покрај минималниот триумф од 1-0 над Мајнц

Хрватот Андреј
Крамариќ стана првиот фудбалер кој на Борусија и дал четири гола во
Бундеслигата среде Дортмунд, и го потврди местото на Хофенхајм во Лига Европа.

Роберт
Левандовски погоди еднаш во победата на Баерн од 0-4 на гостувањето кај
Волфзбург и ја заврши сезоната со 34 погодока. Полјакот сега може да се пофали
дека по петти пат е најдобар стрелец во Бундеслигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×