Неверојатен летен
преоден рок за ПСЖ, францускиот вицепрвак сега е моќен како никогаш досега, а
особено со доаѓањето на Лионел Меси, а големи импресии има кај Марко Верати
поради фактот што ќе биде соиграч со големата ѕвезда.
„Да се има Меси
во тимот едноставно е неверојатно“ вели Верати.
„Не верував се’
додека не го видов, ние лично се
познаваме од претходно, можеби тој не зборува многу, но одличен е како личност,
можете да го почувствувате на теренот, тој е вистински лидер, шампион кој е
сакан и од оние кои не навиваат за Барселона или ПСЖ“ додаде Италијанецот.
„За мене, тој е
најдобриот во историјата на овој спорт, не верувам дека ќе има одредени
проблеми околу адаптацијата“ заклучи Верати.