Верати: Енрике ми кажа дека не сум дел од неговите планови, но засекогаш ќе останам да живеам во Париз

by
1 минути читање

По 11 години поминати во ПСЖ, Марко Верати го напушти клубот и се пресели во Ал-Араби. Причината за заминувањето беше Луис Енрике кој му рекол на Италијанецот дека не смета на него.

„Зборував со Луис Енрике и тој ми рече дека не сум бил дел од неговите планови. Тој е одличен тренер, го почитувам тоа“, вели Верати.

„Тој ми рече дека сакал промени. Дека јас сум бил во ПСЖ многу години, и дека тој сака нешто ново“.

„Не сакав да одам во друг клуб во Европа каде би имал шанса да играм против ПСЖ. Сакав тоа да биде мојот последен тим“.

„Ќе живеам во Париз до крајот на мојот живот. Мојата фамилија, моите деца остануваат тука. Кога ќе имам слободни денови ќе се враќам во Париз“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×