Велс беше на прагот на сензационално реми, Де Брајне ја спаси Белгија од бламажа (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Белгија и Велс одиграа трилер со седум голови, домаќините за малку ќе направија од готово вересија, но Кевин Де Брајне погоди во 88. минута за 4-3 и спречи бламажа на „црвените ѓаволи“.

Македонија останува на првото место во Група Ј, вечерва во Брисел, Белгија со 4-3 ја доби пресметката против Велс.

Домаќините имаа 3-0 за нешто помалку од половина час игра, но Вилсон длабоко во судиското надополнување на првиот дел намали на 3-1 и ја врати надежта кај гостите.

Томас по пет минути игра во вториот дел реализираше за 3-2 и најави дека Велс нема да се предаде лесно, за Џонсон во 70. минута со глава да погоди за 3-3 и шок на „Будуан“.

Белгија сепак успеа да се соземе, Лукаку погоди за 4-3 во 81. минута, но по долг преглед со ВАР, голот беше поништен поради аут на зачетокот од акцијата.

Но видео технологијата не можеше да го спаси Велс кога Кевин де Брајне остана осамен на подалечната статива во 88. минута и рутински ја затресе мрежата за 4-3 и огромна радост.

ФОТО: X/@BelRedDevils

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани