Вејн Руни се сели во Кина?

by
1 минути читање

Кинескиот шампион Гуангжу Евергранде и нивниот ривал Пекинг Гуан се подготвени на Руни да му дадат неделна плата од 700.000 фунти. Според англиските медиуми напаѓачот е во дилема дали да ја прифати високата понуда.

„Посветен сум на Манчестер јунајтед, долго време сум во клубот, среќен сум тука, но фудбалот е чудна работа, се може да се случи, работите брзо се менуваат“ – изјави Вејн Руни.

31-годишниот фудбалер го постигна својот 250. гол за Манчестер јунајтед со кој стана најдобриот стрелец во историјата на клубот, но го загуби стартното место кај Мурињо па Португалецот остава Руни сам да реши за својата иднина.

„Не знам дали ќе замине, зависи од него. Не сакам да ги критикувам фудбалерите кои одлучуваат да одат во Кина. Тоа е нивен живот, нивна кариера. Парите се огромни, а искуството може да биде интересно“ – вели Мурињо.

„Некои мои колеги мислат дека се поважни отколку што се, па можат да се мешаат во животите на други луѓе, но јас не сум таков. Секој е одговорен за својот живот, јас никого не критикувам“.

„Да бидам искрен, во случајот со Руни не знам ништо, бидејќи тој ништо не ми кажал за евентуално заминување во Кина“.

Тренер на Гуангжу е поранешниот англиски селектор, Свен Горан Ериксон кој го посакува Руни во својот тим.

„Руни заедно со својата фамилија и агентот треба да ја донесе одлуката, но зошто да не? Кина е одлично место заживот. Доколку никогаш не сте биле, нема да им верувате на очите кога ќе дојдете. Јас сум сигурен дека Вејн може да игра тука“ – вели Ериксон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани