Адем Љајиќ повеќе не е фудбалер на Сараево, откако клубот од Босна и Херцеговина соопшти дека спогодбено ја прекинале соработката со поранешниот репрезентативец на Србија.
Љајиќ во дресот на Сараево одигра 30 натпревари, на кои постигна седум гола и запиша исто толку асистенции.
„Фудбалскиот клуб Сараево и Адем Љајиќ постигнаа спогодбен договор за прекин на соработката. За време на престојот во бордо-дресот, Адем забележа 30 настапи и постигна седум погодоци. Среќно во продолжението на кариерата“, објави клубот.
Искусниот офанзивец сега е слободен играч и може да избере нова средина, но засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Ќе потсетиме, пред два дена од Сараево си замина и македонскиот фудбалер, Стефан Ристовски кој исто така сега е во потрага по нова средина.