Вечерва е клучниот ден во Серија А, се одлучува кој ќе го освои Скудетото!

by riste
0 минути читање

Денеска ќе биде познат новиот шампион на Италија, вечерва со почеток од 20:45 часот се играат двата решавачки натпревари во италијанската лига.

Наполи го пречекува Каљари, а Интер му гостува на Комо.

Тимот на Антонио Конте има бод повеќе од нероазурите и се наоѓа во одлична позиција да го освои Скудетото.

Интер пропушти голема шанса во минатото коло да го победи Лацио и да избие на врвот, па денеска ќе се моли за нов кикс на Наполи, но паралелно тие ќе треба да го совладаат незгодниот Комо на негов терен.

  1. коло 20:45 часот
    Комо – Интер
    Наполи – Каљари

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани