Вечерва во Англија се игра мечот на сезоната, Манчестер Сити го пречекува Арсенал

by
1 минути читање

Арсенал се уште е прв на табелата, има пет бода повеќе од Манчестер Сити, но тимот на Пеп Гвардиола има два натпревари помалку, што значи дека доколку ги добие тие би бил прв.

Во изминатите три кола, Арсенал трипати одигра нерешено, тие се уште сами одлучуваат за титулата, но денеска мора да го победат Манчестер Сити доколку сакаат тоа да остане така.

Манчестер Сити е фаворит во овој меч, играат во моќна форма во моментов и имаат поширок ростер. Повреден им е само Аке, но за него има замена.

Од друга страна пак, кај Арсенал недостасува Салиба, неговото отсуство ја разниша одбраната на топчиите која прими седум голови на последните три натпревари.

Натпреварот меѓу Манчестер Сити и Арсенал почнува од 21 часот. Другите натпревари од Премиерлигата кои се играат вечерва се Нотингем форест – Брајтон, Челси – Брентфорд и Вест Хем – Ливерпул.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×