Кратко по
трансферот на Ерлинг Халанд во Манчестер Сити почнаа да кружат гласини кога тој
ќе го напушти „Етихад Стадионот“.
Се пишуваше за откупна
клаузула во неговито договор која ќе се активира летото во 2024 година и и за
сума помеѓу 180 и 200 милиони евра тој ќе може да се пресели во друг клуб. Дури
имаше и гласини дека Реал Мадрид по поповолни услови ќе може да го ангажира
напаѓачот бидејќи негова желба е да го облече белиот дрес.
Во емисијата Тот
Коста на Радио Каталуња сега беше објавено за важна промена на откупната
клаузула на Ерлинг Халанд, таа повеќе нема да важи во 2024 и се поместува за
летото во 2025 година.
Информациите кои
пристигнуваат од Каталонија велат дека во договорот било нагласено дека
откупната клаузула ќе се пролонгира за 12 месеци доколку Пеп Гвардиола ја
продолжи верноста.
Стратегот во
ноември стави потпис на нов договор, па откупната клаузула на Ерлинг Халанд
сега ќе се активира во 2025 година.
Ова не значи дека
Ерлинг Халанд не може да замине од Манчестер Сити пред 2025 година, но за тоа
да се случи, ќе треба да биде постигнат договор со „граѓаните“ за висината на
трансферот, а тоа прилично тешко бидејќи на клубот од Етихад не му се важни
парите.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.