Килијан Мбапе повторно е во фокусот откако вчера жестоко распали по ПСЖ и потегот на „светците“ да користат видео материјал од напаѓачот со цел да промовираат продажба на сезонски билети за сезоната 2023/24.
Новинарот Еду Агире во емисијата „Ел Чирингито“ објави дека Французинот сака да замине од Париз, и доколку работите зависат само од него, веќе летоска ќе си ги спакува куферите.
„Мбапе им кажал на блиските соработници дека ќе замине уште денес доколку зависи само од него“ – вели Еду Агире.
„Подолго време жали и се кае за тоа што се случи во мај минатата година, ќе замине летоска ако се прашува само тој“.
„Сепак, има договор кој е со важност барем до 2024 година. Доколку ПСЖ му дозволи да замине летоска, ќе замине, но…“
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.