Важни информации за навивачите кои ќе одат на мечот Македонија – Белгија

by riste
0 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) сподели информации за оние кои ќе присуствуваа на Националната арена „Тодор Проески“ вечерва на мечот на нашата репрезентација против Белгија.

Вратите на арената се отвораат во 18:45 часот, а пожелно е да се дојде што порано за да се избегне метежот.

Луѓе со жолти маички ќе ги проверуваат билетите, а вие порано подгответе се за проверка.

Не смеат да се внесуваат предмети кои се наведени на билетите.

Пожелно е на стадионот да се дојде со знаме или шал на Македонија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани