Васоски: Веќе не криеме, целта на Силекс е шампионската титула!

by 24 фудбал
1 минути читање

Екипата на Силекс беше едно од најпријатните изненадувања во есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига.

Кратовчани на крајот на годината завршија на првото место, па со тоа амбициите пораснаа и се очекува борба за титулата. Тоа го посочи и тренерот Александар Васоски кој врши одлична работа во Силекс.

Во интервју за клупскиот профил, Васоски зборуваше за повеќе теми меѓу кои и трката за титулата.

Со оглед на тоа дека сме есенски шампиони, секако го оценувам мошне задоволително од наша страна, а во пролетниот дел секако задачата за да се одбрани тоа прво место ќе биде ѓаволски тешка, бидејќи знаеме дека се бориме со доста квалитетни екипи. Меѓутоа, кога веќе докажавме дека во 18 натпревари можеме да бидеме први, зашто не и во останатите 15. Така што апсолутно веќе не криеме дека целта е оваа година, со Божја помош, да ја освоиме шампионската титула“, изјави Васоски.

Целосното интервју прочитајте го на ОВОЈ линк.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани