307
Минатата недела
се појавија гласини за изненадувачки трансфер, Манчестер јунајтед пројавил
интерес за услугите на Џејми Варди.
Иако е нејасно
колку биле сериозни „ѓаволите“ за една ваква зделка, напаѓачот нема да се
пресели на Олд Трафорд, Џејми Варди стави потпис на нов договор со Лестер и ја
продолжи соработката со „лисиците“ до 2024 година.
„Пресреќен сум.
Кога слушнав каква е намерата на клубот, само една работа можеше да се случи,
јас да ставам потпис на нов договор. Одлуката беше лесна“ – вели Џејми Варди.
„Долги години сум
тука, се чувствувам како дел од мебелот“.