Џејми Варди, легендата на Лестер и еден од лидерите на тимот во шампионската 2016 година бил блиску до преселба во Серија А, но трансферот во последен момент го спречил Патрик Виера.
Како што пренесува италијанскиот весник „Република“, искусниот напаѓач речиси се договорил со Џенова, веднаш по истекот на договорот со Лестер на крајот од јуни. Преговорите ги водел спортскиот директор на клубот, Флавио Рикардела, и се сметало дека трансферот е прашање на време.
Но, кога трансферот требало да биде потврден, Виера не бил сигурен дека Вардри може да донесе поголем квалитет на тимот, па ја стопирал работата.
Според последните информации 38-годишниот голгетер сега е блиску до трансфер во редовите на шкотски Ренџерс.