По 33. кола во анлиската Премиер лига јасно е кои три клуба ќе испаднат во Чемпионшиш и тоа се Саутемптон, Лестер и Ипсвич.
Сензационалните шампиони од 2016 година по вторпат од најголемата сензација се соочуваат со преселба во понизок ранг.
Холандската легенда Руд Ван Нистелрој пристигна на клупата со цел да ги спаси „лисиците“ од испаѓање, но не успеа. Лестер во актуелната календарска година е посебно лош и има само една победа.
„Не знам што да кажам. Нема зборови со кои би можел да ги изразам бесот и тагата за оваа сезона. Нема оправдување. Колективно, како и играчи и како клуб не успеавме. Не сакам да обвинувам и да се кријам зад некого. Долго сум во овој клуб и се соочивме со многу успеси и падови. Оваа сезона беше срамна. Ме боли и знам дека ве боли и вас, Жал ми е што не можевме да играме подобро“, им порача Варди на навивачите преку социјалните мрежи.
Дресот на Лестер Варди го носи од 2012 година и во овој клуб вкупно одигра 496 напревари и постигна 198 погодоци.