Вардарци го почувствуваа теренот во Рига каде што утре ќе одат по пресврт за трето коло во Европа (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Вардар утре ги чека реваншот против Рига во второто квалификациско коло во кое „црвено-црните“ ќе се обидат да ја надополнат негативата од поразот во Скопје со 3-2.

Вардар минатата недела во еден ефикасен натпревар во кој беше рамноправен противник загуби од Летонците, а тренерот Фабијани по дуелот истакна дека поразот е резултат на одредени грешки за кои верува дека сега нема да се повторат.

Денеска вардарци и тренираа на стадионот каде што утре ќе се обидат да слават победа со резултат кој ќе им донесе место во третото коло.

Натпреварот е закажан за во терминот од 19:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×