118
Екипата на Вардар ги одработува подготовките во Словенија каде што денес од 17:00 часот „црвено-црните“ ќе го играат натпреварот со Олимпија Љубљана.
Пред овој натпревар од редовите наа Вардар објавија дека потпшале четиригодишен договор со Аргентинецот Мануел Куестас.
Станува збор за фудбалер кој има 20 години и игра како централен дефанзивец, а во клубот е уште од јануари.
Куестас очигледно во изминатите месеци го убедил раководството и тренерот Гоце Седлоски дека заслужува договор со најтрофејниот македонски клуб.
Се очекува и Седлоски да му даде шанса во подготвителните натпревари пред квалификациите во Конференцската лига каде што Вардар го очекува двомеч со Ла Фиорита од Сан Марино.