Eкипата на Вардар информираше дека ситуацијата со одблокирувањето на сметката оди насока.
Денеска црвено-црните објавија дека е подигната блокадата од три милиони евра од страна Управата за јавни приходи, како и блокадата од 200.000 евра од Акционерското друштво за станбен и деловен простор.
Исто така клубот потенцираше и дека во наредниот период ќе бидат објавени со име и презиме сите побарувачи кои го задолжиле клубот.
„АД ФК Вардар од Скопје на овој начин ја информира заинтересираната спортска и општествена јавност дека продолжува со интензивна деблокада на сметката на клубот.
Во овој момент подигната е блокадата во вредност од три милиони евра (3.000.000 евра) што беше поставена од УЈП, и подигната е блокадата од двесте илјади евра (200.000 евра) што беше поставена од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.
Штетата и долговите што намерно или од незнаење ги имаат направено предходните управи, а немале капацитет, знаење и желба да го одглават клубот од ова финансиско ропство, актуелното раководство го решава во исклучително краток рок.
Долговите правени цела една декада, ќе бидат расчистени за период од 5 месеци од комплетното новото формално-правно менаџирање со Акционерското друштво.Сите доверители, приватни лица или стопански субјекти, на кои ќе им бидат подмирени блокадите во целост, на веб страната на АД ФК Вардар ќе бидат поименично објавени со полно име и комплетна сума, за да може јавноста и навивачите да имаат јасна и прецизна слика за побарувачите и сумите. Во меѓувреме сите тековни трошоци на клубот од летоска наваму се навремено и стонастотно исплатени“, објави Вардар.