Во првиот натпревар од 31. коло во ПМФЛ, Вардар и Струга одиграа натпревар со малку шанси и ниту еден гол.
Вардар и Струга денеска се сретнаа во тренинг центарот „Петар Милошевски“, прикажаа премалку и очигледно ги чуваа силите за пресметката на 21. мај во финалето во Купот на Македонија.
Почетните 20 минути поминаа без возбудувања, а во продолжението од првото полувреме Струга беше поконкретна, но без вистинска шанса за да ја затресе мрежата на „црвено-црните“.
Второто полувреме донесе за нијанса поактивна игра на теренот, но недостасуваше завршница на двете страни и не беше создадена ниту една сериозна шанса за гол.
Па на крајот, резултат остана оној од почетокот, 0-0.
Вардар сега има 39 бода по 31 одиграно кола, додека пак Струга со 49 бода е на четвртата позиција.